Промоција на новата песна, видео запис и книга на Жарко Димоски

Во понеделникот, на 14.06,  во евент центарот „Ragusa 360“ се одржа настанот “Equinox 4 in 1“, овозможен од Friday Comunication и поддржан од Antique, на кој што познатиот македонски  актер, водител на Gentleman Magazine и пејач Жарко Димоски ја промовираше неговата прва книга „Пеперутка“, како и неговата нова песна „Танцувај со мене“ и видео записот за истата.

На овој уникатен настан беа присутни видни личности од културниот живот во Македонија и вљубеници во уметноста, кои имаа можност да уживаат во мини концертот на кој Жарко Димоски ги интерпретираше и им оддаде почит на едни од  најслушаните артисти и нивните безвременски класици.

Како автор на музиката и аранжманот на новата песната се потпишува Димитар Андоновски, текстот е на Жарко и Андреа Димоски,  кои воедно се појавуваат и како главни ликови во спотот, меѓу кои и Мартин Костадиновски. Спотот е снимен по сценарио и режија на Жарко Димоски, во продукција на Friday Communications, на неколку локации низ Македонија и Египет.

„Пеперутка“ е првата книгата, стихозбирка на Жарко Димоски во издавништво на издавачкиот центар „Три“, а истата можете да ја најдете во сите книжарници на издавачкиот центар.

На следниот линк можете да ја проследите новата песна и видео записот за „Танцувај со мене“ - https://www.youtube.com/watch?v=LhwdNar7F8Q.