Променливо облачно време со сончеви периоди, дневните температури ќе бидат во пораст

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи по котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи претежно од дожд се очекуваат во петок.

За денеска предвидено е мнималната температура да биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната од 3 до 11 степени.

Во Скопје утрово ќе има магла, а потоа ќе биде облачно. Минималната тепература ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени.