Променливо облачно со сончеви периоди - од утре нова драстична промена

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец и дневни температури од 6 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 7 до 12 степени.