Променлив и дождлив октомври: Какво време не очекува до крајот на месецот?

Променливо и претежно врнежливо време најавуваат светските метеролошки сервиси за овој месец.

Според нивните најави во првата половина од месецот времето ќе биде променливо облачно и претежно дождливо со утринска температура до 10 степени и дневна до 23 степени.

Втората половина од октомври ќе донесе претежно дождливо време и пад на температурите.  Утринските ќе се движат од 0 до 8 степени, а дневните до 17 степени.

Слична вредност  ќе има температуриата и  во последната седмица од месецот. Времето ќе биде сончево и стабилно.