Променет сообраќаен режим денеска и утре на една скопска улица

ЈП „Улици и патишта“, Скопје, со известување за време сообраќаен режим, за денеска (среда) и утре (четврток).

-На ден 7.12.2022г./среда/ и ден 8.122022г./четврток/ има промена во времетраењето на времениот режим кој ќе биде од 12:00ч. до 16:00ч.. Во тој период екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе ја асфалтираат улицата Тодор Алексадров и поради изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на двете коловозни ленти и обележана со соодветна сигнализација. Во среда ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од ИЗИИС до Турската Амбасада, а во четврток на потегот од Турската Амбасада до кривината кај МВР. Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата, велат во соопштението.