Промена на работно време на пунктовите за covid-19 тестирање на Никоб Лаб

НИКОБ ЛАБ информира дека почнувајќи од 13.09.2021 (понеделник) воведува промена на работното време на следните пунктови за COVID-19 тестирање: Кисела Вода, Табановце и Богородица, додека работното време на COVID-19 пунктовите во Дојран и Струмица останува непроменето.

Дополнително, Ве информираме дека новата цена за PCR тестови изнесува 1.600 денари, додека цената на брзиот антигенски тест останува непроменета и изнесува 1.000 денари.

Во прилог е табелата на локациите на пунктовите и работното време:

За дополнителни информации поврзани со COVID-19 тестирање, може да не контактирате преку контакт центарот на НИКОБ ЛАБ на следниот телефонски број 02 274 1000.