Пролетна депресија -  што е и како да ја надминеме?

Кога ќе заврши зимата и доаѓаат пролетните денови, сите очекуваме подобро расположение, но многумина се соочуваат со недостаток на енергија, замор и раздразливост.

Сезонската депресија се јавува при нагли промени на температурата кои се манифестираат на психолошкото здравје. Недостаток на витамини, несоница, хроничен замор, поспаност, лошо расположение, тага, чувство на незадоволство се некои од симптомите кои ја карактеризираат пролетната депресија. 

Сепак, треба да знаете дека потребно е да се консултирате со психотерапевт или вашиот матичен доктор кој понатаму може да ви даде дополнителни совети како да се справите со ваквата состојба.

Ова се нашите совети:

  1. Минувајте време во природа и на сонце, за да го надополните недостатокот на природен витамин Д. Дури и ако е облачно времето, излегувајте и минувајте надвор на свеж воздух.
  2. Пешачете или занимавајте се со физичка активност која ви е одговара, а која не мора да биде особено интензивна. 
  3. Направете анализа на крвта која ќе ви покаже дали имате недостаток на одредени витамини и минерали.
  4. Потрудете се да јадете повеќе сезонско овошје и зеленчук и здрави намирници.
  5. Одете на спиење во исто време секоја вечер и трудете се да спиете барем седум часа во текот на ноќта.
  6. Користете техники за опуштање како јога и медитација.
  7. Минувајте време со блиските, оние луѓе кои ви даваат поддршка и ви даваат енергија, а избегнувајте ги луѓето кои ви ја крадат енергијата.