Пролетен и летен зеленчук за подобра хидратација на телото

Зеленчукот е составен од голема количина вода, па затоа и се препорачува да го јадеме повеќе кога времето е потопло.

За среќа, во пролет и лето имаме огромен избор на свеж зеленчук, кој го хидрира нашето тело речиси исто како и водата, со тоа што нуди и дополнителни хранливи материи. 

Еве кои се зеленчуците кои го имаат ова својство:

- Краставицата, покрај вода, содржи и витамин Ц, калиум, магнезиум и натриум. Со јадење на свежа краставица на својот организам му обезбедуваме и доволна хидратација, но и внес на хранливи материи.

- Доматите, кои се богати со антиоксиданси, содржат и доста растителни влакна. Благодарение на доматите, нашата кожа ќе биде поеластична, хидрирана и поотпорна на УВ-зрачења. 

- Тиквичките, всушност се 95% вода, воопшто не се калорични, диетални се, а исто така се и одличен извор на витамините А и Ц и на фолна киселина.