Бурни реакции на социјалните мрежи по веста во јавноста дека Фискалниот совет предлага зголемување на работниот век на вработените што е потребно за одржување на Фондот на ПИОМ.
Граѓаните споделуваат дека и така се уморни од работа, за ниски плати, а оваа мерка за зголемување на старосната граница за одење во пензија, како што велат тие, „ќе ги дотолчи“.
- Да работиш 40 и кусур години, со милион здравствени проблеми, да имаш 20 дена одмор, додека светов оди напред и од еден континент се работи за друг. Да работиш од 8 до 16 или 9 до 17 часот, и за еден ден да си принуден да вадиш боледување, без да ги земеш предвид перформансите, а на квантитетот, и уште на крај да имаш едвај (ако ја дочекаш) пензија од 5-6 години (статистички), значи потценување на човечкиот перформанс во секоја смисла на зборот. Работничките права ни се сведени на НУЛА, третирани како пиони, ама едно ќе кажам - заслуживме. Оти ќутиме. До сега сите требаше да бидеме на улица. Поради сите неплатени викенди и празници што ги одработивме, поради сите понижувања, поради сето проклето чекање пензија кое едвај кој го дочекува. Ама не, ние ќе си молчиме. Малку ни е, сподели новринарката Мери Јордановска на темава.
- Кој бе ќе зголемува старосна граница? Си пуштаат муабет да проценат дали големите синдикалци од по скопските згради ќе кажат нешто, ама тие пак ни А ни Б.Не берете гајле, нема да се деси! Башка ми фалат протести како да ви кажам? Можат оние кои не кренале потешко од пенкало, што се вечити функционери, да им уведат и до 80 години да работат. А овој напатен работник со мизерни плати и услови за живот, треба бенефициран стаж да му се даде што преживува во оваа недојдија, сподели активистката за работнички права Кристина Ампева.
Не треба да има пензионирање. Нема поента и тоа ќе се укине во цел свет. Тие шо работат државно ќе работат цел живот, тие приватно ќе одлучува газдата!!!
— sistematski test (sakamkams) December 2, 2024
Дај заокружи на 100 години пензионирање. И решен проблем.
— Фармер Никола (@Bogdancanec) December 2, 2024
Заради вакви срања сум 100% сигурна дека нема да дочекам пензија во животов, ќе скинам конци многу порано, ама за предвремено пензионирање размислувам веќе некое време, само пасивен приход му е мајката во вакво општество. https://t.co/JKdYOObpLl
— Змајче со хаштагот (@programlabilna) December 2, 2024
Без разлика на се што може да се анализира во врска со пензионирање.
Во ЗА МАЖИ И ЖЕНИ СО 60 ГОДИНИ ВОЗРАСТ ТРЕБА ДА СЕ СТЕКНЕ ПРАВО НА ПЕНЗИЈА— sz. (@sz2024sz) December 2, 2024
Не треба да има пензионирање. Нема поента и тоа ќе се укине во цел свет. Тие шо работат државно ќе работат цел живот, тие приватно ќе одлучува газдата!!!
— sistematski test (@sakam_kams) December 2, 2024