Проф.Трајковски лут на здравствените власти: Зошто не го признаваат доказот за антителата?

Професорот Дејан Трајковски, соопшти дека, вчера, 6 месеци по заразувањето со корона вирус, извршил второ мерење на титарот на IGG антитела.

-Бидејќи заразувањето се случи после примена прва доза вакцина АстраЗенека, почетниот титар (еден месец по заразувањето) изнесуваше 46.343 AU/ml, односно 927 пати над прагот на детектабилност од 50 AU/ml според CLIA методата. Според еден извор (австралискиот труд во списанието Нејчер Медсин, што често го цитирам), распадот на антителата би требало да престане по 250 дена, односно после февруари 2022 година. Тогаш титарот би можел да се устали на околу 4.100 AU/ml, односно околу 42 пати над прагот на детектабилност, што е повеќе од доволно за заштита од заразување и тешка форма на болеста. Според ова сценарио, ревакцинација не би ми била потребна наредните 10 години, појаснува тој. 

Трајковски рече дека е многу сум лут на нашите здравствени власти што не му го признаваат доказот за антителата како рамноправен со втора или трета доза вакцина, поради што не смее да патува во странство, а, како што вели, има вистинска потреба за тоа.

-Ниту една вакцина сама не може да постигне ваков висок титар на антителата како заразување после примена прва доза. Инаку, само прележување без „прајмување„ со прва доза вакцина не дава вакви високи титри и потребна е вакцинација за да се постигне истото зголемување.  Во последно време има многу случаи како мојот (вакцинирани со една доза, па заразени и прележани) и ова што ни се прави е навистина неприфатливо. Најмалку што можат да направат е да ни се извинат и да ги признаат уверенијата за антителата како рамноправни со ПЦР тестот, а дури повредни од самата вакцина (доколку е без доказ на антителата), вели проф. Трајковски.