Професорката Бачовска Недиќ за подвозникот кај Стоковна: „После Нови Сад" очекувам и да ми се сруши над глава

Професорката од Правниот факултет во Скопје Јасна Бачовска Недиќ алармираше за подвозникот кај Стоковната куќа - Мост во центарот на Скопје. 

Таа, на својот фејсбук профил, сподели за својот страв од морбидноста на овој дел од градот каде минува секој ден. 

- Колку е морбиден подвозникот кај Стоковна куќа мост. Морам секој ден да го поминувам и да гледам колку е валкано, ниско, темно, со гужва - гасна комора, загадена цевка. „После Нови Сад" очекувам и да ми се сруши над глава. Мојот роден град и околностите ме тераат да замислувам каква е смрт со смачкување. Се прашувам дали само јас имам морбидно внимание или е објективно така? - праша професорката Бачовска Недиќ.