
Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, често споделува моќни опсервации на тековите на македонското општество и општо менталитетот на овдешниот народ.
Со последната објава на фејсбук повторно поттикна порив за преиспитување како поединци, но и како колектив, поточно како држава на патот кон европските интеграции.
- Бараме светло на крајот од тунелот... Бараме човек со фенерот на Диоген...Бараме излез преку влезот во ЕУ...Бараме светло, а не се прашуваме што мајка бараме во тунел! Бараме луѓе, а не се прашуваме зошто ни заминуваат! Бараме излез од материјален колапс чекајќи милостина која што тродупло ќе ја плаќаат идните поколенија! Ние само мислиме дека бараме и добиваме, а всушност само од нас се бара. Ние сѐ што ни побараа дадовме. Ѓутуре. Изманипулирани за однапред.