Проф. Најчевска: Извршителите се алатка на мафијата која владее во Македонија

Професорката Мирјана Најчевска „жестоко удри“ по извршителите. 

Еве што порача таа на својот Твитер профил. 

-Извршителите се алатка на мафијата која владее во Македонија. Со секој извршител докажувам дека тврдењето дека сестра ми е курва е невозможно бидејки немам сестра. На ова креваат раменици и ме потсетуваат дека ми тече камата. Чистката на општеството мора да започне од нив. 

 

Извршителската дејност во земјава е веројатно најомразената фела во јавноста. Некои велат дека овие лица само ги извршуваат судските пресуди, па обвинувањата одат на сметка на климавото судство во нашето општество. 

Граѓаните, кои се соочиле со, како што велат, раката на извршителот се гневни и револтирани затоа што заглавиле, а на извршителите никој ништо не им може. 

-Блокирани сметки од извршители поради долгови кои не постојат, апсурни случаи, 200 евра наплата за долг од 2 евра, се жалат граѓаните.

Простор за оптимизам нема, додека не се донесат законски измени за средување на овој хаос.

-Извршителите се рак рана на правосудниот систем во Македонија. Имам пишувано многу на оваа тема посебно во контекстот на апсолутното отсуство на контрола на судовите врз процесот на извршување (што е потполно противуставно) и рекетарскиот карактер на извршувањето во Македонија, појаснува професорката Најчевска.