Проектот за масовна дигитализација Go DigИTal на КОНТЕГО е еден од победниците на јавниот повик на ФИТР

Проектот за масовна дигитализација Go DigИTal е еден од победниците на јавниот повик за комерцијализација на иновации на Фондот за иновации. 

Преку проектот Go DigИТal, компанијата КОНТЕГО ДОО го проширува своето портфолио на услуги, со што за првпат на пазарот ќе понуди спој од архивски услуги со ИТ услуги од областа на управување со документи (DMS, ERP системи) и business process outsourcing услуги.

- Нашето широко искуство во управувањето со документи го прават КОНТЕГО ДОО идеален партнер за државните институции кои имаат потреба од имплементација на иницијативи за дигитализација и технолошки иновации базирани на дизајн и органски пристап со цел да се рационализира и подобри ефикасноста на оперативните процеси и да се подобри искористувањето на ресурсите, велат од КОНТЕГО.

Тоа што компанијата ја разликува од конкуренцијата е што преку овој проект сe создаваат услови за нудење на производ кој претставува комбинација од услуги од пазарниот сегмент на компјутерски услуги и пазарниот сегмент на услуги со архивирање, но и креирање на комплетно нов сегмент на административен бизнис outsourcing.

- Со имплементацијата на овој проект создаваме навистина целосни капацитети, меѓудругото, за дигитализација на судските архиви, дигитално управување со работните процеси во сите државни институции како и за зачувување и презентација на културното наследство на нашата држава, додаваат од КОНТЕГО.