Проекти за урбанизација на Илинден: Нови улици, кружен тек, детска градинка...

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски гостуваше на утринската програма на „МТВ“ при што зборуваше за проектите кои треба да се реализираат годинава.

Како главни проекти кои ќе ги реализираме во текот на 2023 година, Георгиевски ги издвои следниве:

- Ќе продолжи изградбата на фекалните линии и приклучоци во повеќе населени места

- Изградба на нов кружен тек во Илинден, на спојот на улиците „2“, „8“ и „9“

- Реконструкција на дел од патот Илинден- Хиподром (делот кој е катастарски во нашата општина) во должина од над 700 метри.

- Започнати се постапките за реконструкција на патот Миладиновци-Бујковци во должина од 1.500 метри

- Втора фаза од проектот за реконструкција на ул. „532“ кој се реализира со средства од Светската банка

- Инвестиции за реконструкции во водоводните мрежи, како и изградба на нова лабораторија за ЈКП “Водовод“

- Набавка на нова опрема, возила и машини за потребите на ЈКП „Илинден“

- Доизградба на детската градинка во Илинден со зголемување на капацитетите

- Реконструкција на покривот на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино

- За првпат во општината ќе даваме субвенции за граѓаните за купување велосипеди