Проекција во Скопје на документарецот „Живеј и остави да живеат“

Во четврток, 18 август, со почеток од 20:00 часот, во СЦ Дуња ќе биде прикажан документарниот филм „Живеј и остави да живеат“. Според организаторите овој документарец ги обработува и објаснува  еколошките и здравствените причини што ги мотивираат луѓето да станат вегани. 

„Етиката и хуманизмот, климатската криза, болестите предизвикани од начинот на живот, скандалите со храната, сето тоа поттикнува сѐ повеќе луѓе да размислат околу сопственото јадење месо и производи од животни. Преку касапот што стана вегански готвач и преку сопственикот на фабричка фарма што неа ја претвори во прибежиште за животни од фармите – „Живеј и остави да живеат“ ги раскажува приказните на шест личности што одлучија да престанат да консумираат производи од животни поради различни причини и го покажува влијанието на таа одлука врз нивните животи.

Она што го јадеме е важно за животните, за природата и, на крајот, за нас самите. Овој документарец, а и самото веганство воопшто, ни овозможува да излеземе од комфорната зона и да го преиспитаме и прошириме значењето на клучните концепти како експлоатација и доминација“, се наведува во најавата за документарецот.

Филмот ќе биде прикажан на англиски јазик и неговата должина е 80 минути. Организаторите најавија дека по проекцијата на документарецот ќе следи и дискусија.