Продолжуваат градежните активности на улиците во Волково

ЈП Улици и патишта продолжува со градежните активности во населеното место Волково, во општина Ѓорче Петров.

Според нивниот план, денеска се асфалтира улицата бр.73 на вкупна површина од 665 квадратни метри. Улицата е со должина од 190метри и широка 3,5метри.

„Екипите на ЈП Улици и патишта во координација со Градот Скопје ќе продолжат во наредниве денови и на останатите локални улици во населените места Волково следни се улица бр.21 и бр.23, а потоа и на улиците во населено место Даме Груев и Стопански Двор согласно предвидената динамика за изградба на улиците“, истакнаа од ЈП Улици и патишта.