Продолжува ЗДРАВО МЛАДИ во МКЦ со свежа музичка понуда

Во рамките на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ, на 22 септември во МКЦ Скопје ќе настапат бендови кои веќе добро котираат на музичката сцена. На својата Фејсбук страница, Младинскиот културен центар објави за кои бендови станува збор, потенцирајќи ја новата, свежа музичка понуда која ќе го збогати ноќниот живот на скопјани во престојниот период. 

-10 000 Russos  е незапирлива сила во сферата на музичката психоделија: нивниот industrial psych/post-punk звук веќе шармира стонери низ светот, со нивните марширачки, шамански мантри и мистични краутрок изблици. Во последните 9 години, овој португалски бенд издава 4 албуми (3 за Fuzz Club Records) како и сплит плочи со Oscillation и Radar Man From The Moon. И 6 европски турнеи како и 1 низ Мексико кои не успеаја да ги уморат. Во 2022, Russos менуваат еден член во составот и сега се Nils Meisel (електроника), Pedro Pestana (гитара) и João Pimenta (вокал/тапани).

Како поддршка, од Бугарија ни доаѓаат SpaceWeaver.

SPACE WEAVER е психоделичен рок бенд од Софија, формирани 2021 од страна на четворица млади дечки чија заеднички интерес се психоделијата и гласните рифови. Заедно, Николај Маринов (гитара, вокал), Теодор Димитров (гитара), Симеон Бајатов (бас) и Михаил Ангелов (тапани) цртаат соничен пејсаж со ведар, сонлив карактер и доза на прог, најавувајќи сериозен рифовски напад на сензорните сетила кои влечат во длабочините на амбисот. Главната цел на бендот е: да исткае мрежа од вселенски грувови кои флертуваат со бавни и тешки ритми, целосно внесувајќи не во супер сонични вибрации.
SPACE WEAVER се дел од #Liveurope програмата на МКЦ.

Домашна поддршка: @prekuredofficial.

ПРЕКУ РЕД се рок бенд од Скопје формиран 2021 година. Составен од 4 членови, Никола Стоименов (бас), Христијан Тасевски (гитара), Горазд Митревски (тапани) и Антони Анев (вокал). Ниту еден од членовите не знае како се нашол во овој бенд, а нивна најголема фрустрација е тоа што појачалата “не одат до 11”. Настапот на бендот е во соработка со здружението Култиватор - стои во објавата на МКЦ. 

На страницата е објавен и линк на кој може да се набават билетите.