Матурантите продолжуваат со бојкот на наставата. Бараат да не се полага државна матура годинава и да се подобри наставната програма.
Сметаат дека не се соодветно подготвени за да ја полагаат матурата во услови кога учебната година започна со еден месец задоцнување и наставата се одвива од далечина.
Доколку надлежното министерство не ги чуе нивните барања велат дека нема да запрат со бојкотот на наставата.