Продолжениот викенд го испразни главниот град. Вчера попладне, по 15 часот Скопје беше блокирано. Долги редици возила и нервозни возачи на повеќето улици и булевари.
Свирење, нервоза, „тргни-застани“ на повеќе локации.
Не се нормални кога има гужва свират, како мислат намерно некој го кочи сообраќајот
— Magneto (@magn3to0) October 10, 2024
неверојатно е колку малку гужва има по ск денес, сте се омрсиле со слободен ден
— capnmikjo (@capn_mikjo) October 10, 2024
Гужва у сообраќајот хаос на сите раскрсници по два саата и кола.
— Dick (@BiguzDikuz) October 9, 2024
Огромни гужви вчера попладне имаше и на наплатната станица „Миладиновци“ на излез од Скопје.
„Тука е полошо од грчка граница. Сите свират, се обидув аат да ги престигнат автомобилите. Ужас! “, коментираат патници кои останале заглавени на патарината.
Од АМСМ утрово информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сепак, утрово на социјалните мрежи се споделуваат поплаки дека многу се чека на „Богородица“ за влез во соседна Грција каде голем дел од граѓаните тргнаа да го искористат празничниот ден.