Прочитајте го ова ако сте уморни од сè

Сите се уморуваме и тоа не само во физичка смисла, па така понекогаш остануваме без сила. Имаме желба да кренеме раце од сè, да се предадеме, да се скриеме од целиот свет. Но, тоа не е решението. Прочитајте го овој текст кој можеби ќе ви даде мотивација. Длабоко вдишете, читајте и делувајте.

Светот во кој живееме навистина исцрпува, тој не е благодарен. Уморни сте и со самото тоа што што живеете во него. Сте се умориле затоа што премногу сакате, се грижите, давате, а овој свет не ви го возвраќа тоа. Сте се умориле од неизвесноста. Од монотонијата на секојдневниот живот. Некогаш сте биле полни со надеж и оптимизам. Но, скршеното срце, неисполнети ветувања, неуспешните планови, сето тоа ве спуштило на земја. Светот не бил секогаш добар кон вас и повеќе сте губеле отколку што сте добивале, а сега немате никаква инспирација повторно да се обидете. Вистината е дека сите сме уморни. Секој од нас.

После одредени години, повеќе делуваме како армија на скршени срца и болни души, кои очајно бараат хармонија. Сакаме повеќе, но премногу сме уморни да го бараме тоа. Не ни се допаѓа каде се наоѓаме, но премногу сме уплашени да почнеме од почеток. Треба да преземеме ризик, но се плашиме дека работите може да се распаднат. Не сме сигурни колку пати ќе можеме да почнуваме одново. Уморни од игрите кои ги играме, лагите кои ги зборуваме, несигурностите кои си ги даваме едни на други. Ние не сакаме да ставаме маски, но и не ни се допаѓа тоа да останеме наивни будали. Ни преостанува да играме некакви улоги кои не ги сакаме и се преправаме, затоа што не сме сигурни во нашиот избор. 

Знам колку е тешко да се продолжи да се прави нешто и да се обидуваш да почнуваш нови работи кога немаш многу ментална сила. А оние оптимистични идеали, сега изгледаат безнадежни и глупави. Но, еве што предложувам: Направете уште еден обид, со последниот атом на силата. Ние многу повеќе го сакаме животот отколку што можеме да замислиме и тоа е неоспорна вистина. Во состојба сме да дадеме многу повеќе љубов, страст, надеж, отколку што даваме сега. Сакаме моментални резултати и се предаваме ако веднаш не видиме ефекти. Чувствуваме разочарување поради недостаток од повратни информации и се откажуваме од обидување.

Не може секој од нас да биде инспириран баш секој ден. Сите се исцрпуваме. Сите се разочаруваме. Сите се уморуваме. Но, фактот дека сте уморни и немотивиррани, не значи дека стоите во место. Секој човек кому се восхитувате, барем еднаш доживел пораз. Но тоа не го спречило да ги оствари своите соништа. Не си дозволувајте да се откажете без оглед на тоа за што се работи, без оглед на тоа дали се секојдневни ритуали или грандиозни планови. 

Кога сте уморни, движете се полека. Движете се мирно, без брзање. Но, не запирајте. Уморни сте од сосема објективни причини. Уморни сте затоа што многу работи сакате и менувате. Уморни сте затоа што растете. И еден ден овој раст навистина ќе ве мотивира.