Прочитајте го ова ако се плашите од иднината...

Ако постојано размислувате за иднината, се чувствувате лошо. Постојано си поставувате лоши прашања и замислувате лоши сценарија кои најверојатно нема ни да се случат. Станувате песимист, негативноста ве обзема, си ги замислувате најлошите сценарија, дури и ако тоа е најмалку веројатното сценарио.

Ако постојано размислувате за иднината, создавате проблеми кои всушност не постојат. Се прашувате што ќе направите ако се случи нешто или како ќе се носите со некоја ситуација, а веројатноста е дека ништо од тоа нема да се случи. Добро е да се биде подготвен, но нездраво е да се биде опседнат. Нездраво е цело време да се фокусирате на нешто лошо, затоа што вашето тело секоја лоша мисла ја проживува и тоа е лошо за здравјето. 

Ако постојано размислувате за иднината, заборавате да уживате во сегашноста. Не ја гледате убавината во своите пријатели, семејство, природата околу себе. Очите цело време ви се вртат кон добрите моменти кои поминале, затоа што живеете во мислите наместо да живеете во реалниот свет. 

Ако секогаш размислувате на иднината, се изложувате на стрес. Никогаш не уживате во храната која ја јадете или во возењето со автомобил, затоа што цело време чекате да видите што ќе се случи следно. Се прашувате каде ќе ве одведе вашата активност, наместо да живеете во моментот. 

Ако цело време размислувате за иднината, вие само ја гледате големата слика, наместо да обрнете внимание на малите работи, малите чекори кои ќе ве одведат до успехот. Премногу се фокусирате на неважни настани, а ги занемарувате работите кои се важни. 

Ако постојано размислувате за иднината, вие ја уништувате вашата присутност. Се уверувате себеси дека за две или десет години ќе бидете подобри, дека тогаш ќе бидете среќни. А всушност, вие само си ја замислувате иднината како ветувачка, а сегашноста ви е досадна. 

Време е да прекинете и да ги запрете вашите бескрајни грижи за иднината. Иднината сѐ уште не пристигнала, а кога ќе дојде, би можела да биде лоша, затоа што се занемарувате себеси во сегашноста. Секако, не значи дека би требало да престанете да размислувате на иднината. Правете го она што ве прави среќни за да се подготвите за убава иднина, мислете позитивно, верувајте во себе, потпрете се на своите позитивни мисли и на своите цели и така ќе се ослободите од стравовите за иднината. 

Престанете постојано да се тресете и плашите за она што ќе се случи утре. Престанете да се мачите со непотребни мисли. Престанете да го нагласувате утрешниот ден, затоа што вие токму денес заслужувате среќа.