Прочистувачи на воздух

На пазарот во Македонија се нудат голем број прочистувачи на воздух. Граѓаните се во дилема што е добар, а што лош прочистувач за воздух, па често прават грешки во одлуката за тоа каков прочистувач да купат. 

Меѓу основните карактеристики на прочистувачите на воздух спаѓаат: Хепа филтер, CADR или протток на воздух и сензори за квалитет на воздух.

Што е ХЕПА филтер?

Филтерот е најважната компонента на прочистувачот на воздух. ХЕПА филтерот е изум на USA Atomic Energy Commission за време на проектот „Manhattan“ кога се увидело дека е потребен систем за прочистување на воздухот од радиоактивни честици. Кога воздухот
поминува низ ХЕПА филтерот, честиците остануваат заробени во стаклените влакна и така се отстранети од воздухот. До денес ова е докажано  дека ХЕПА филтерот најефикасен начин за да се прочисти воздухот во затворени простории и како таков овој начин се употребува во болници низ светот. Ефикасноста на ХЕПА филтерите се мери според капацитетот на заробување на честици од 0.3 микрони.  Според US-Mil-standard 282 еден филтер може да се нарече ХЕПА само ако отстранува еднакво или повеќе од 99,97% од честиците со големина еднаква или поголема од 0,3 микрони.

Што означува CADR ?

CADR или протток на воздух е количината на воздух кој може да помине низ филтерот и се изразува во m3/h. Колку е оваа вредност поголема-толку повеќе воздух може да прочисти. Наједноставен метод за да пресметате каков прочистувач треба да одберете е следниот: висина на просторијата x површина на просторијата x 4 ( од 2-6).

 Зошто и какви сензори потребно е да има еден прочистувач?

Наједноставно кажано, за да знаете дали да работи или да не работи прочистувачот потребно е да знаете дали и колку е загаден воздухот. Затоа сензори за количевство на ПМ честици во воздухот се неопходни.  Дали имате влажен или сув воздух и дали постојат други видови загадувачи во воздухот во вашата просторија е исто така важно да се знае за да соодветно реагирате.

Што е јонизатор и дали ми е потребен?

Јонизаторот е апарат кој користејќи висока волтажа јонизира воздушни молекули. ПМ честичките се привлекуваат со наелектризираните честици,кои потоа се лепат (дејонизираат) на површините како ѕидови, плафони и мебел. Загадувачите на воздухот не се перманентно отстранети од воздухот, како што е случај со ХЕПА филтрите, туку само ја изгубиле „способноста“ да летаат во воздухот. Јонизаторите продуцираат озон. Повеќето од нив продуцират количина на озон која според американската агенција за заштита на околината „ЕРА“ е помала од дозволената и смеат своите продукти да ги наречат„без озон“, иако тоа не е факт. Но зошто некој би сакал да се изложува  на количество озон кое додадено на озонот кој и онака е во домот сигурно нема добро да му влијае? Озонот е особено  опасен за луѓе со астма или друго хронично белодробно заболување, деца и постари лица.

НАШИОТ ИЗБОР ЗА НАЈЕФИКАСЕН ПРОЧИСТУВАЧ Е VAURON HAP 002!

 ХЕПА ФИЛТЕР од класа   “H 13”

VAURON прочистувачите поседуваат “H13 HEPA“ филтер, кој ги заробува штетните ПM честички од воздухот (според US-Mil-standard 282  заробува >99.99% од 0,1 до 0,3 オm) бактерии, вируси, прав, мувла и друго; Пред овој филтер се наоѓа пред-филтер кој ги фаќа големите честици. Во внатрешноста се наоѓа заменлив филтер со активен јаглен кој апсорбира дим, миризба и штетни гасови. Овие компоненти се произведени во Германија.

 CADR 500 m3/h

Бидејќи протокот на воздух  на VAURON HAP002 изнесува 500 m3/h тоа значи дека е погоден за простории од 35-100m2.. Целиот воздух од нашата канцеларија од 50m2 ќе го прочисти дури  4 пати во 1 час.

7 Сензори За Квалитет На Воздух

Симултано го мерат нивото на: ПM1, ПM2.5, ПM10, непостојани хемикалии, јаглероден диоксид, температура и влажност, така што овозможуваат прецизна информација за квалитетот на воздухот во просторијата. Овие мерачи јасно ќе ви покажат колку добро и колку брзо овој прочистувач ќе го прочисти воздухот кој вие го дишете дома. Наместо постојано да пребарувате по државните мерни станици колкаво е загадувањето кај најблиската мерна станица-тоа ќе го прочитате од вашиот  VAURON HAP002.

Јонизатор Нема

Бидејќи јонизаторите имаат слаб перформанс и се со потенцијален ризик по здравјето, VAURON во своите прочистувачи не вградува јонизатори.