Проблемот со несовесните граѓани кои ги крадат капаците на шахтите никако да добие своја завршница

Проблемот со несовесните граѓани кои ги крадат капаците на шахтите низ скопските маала никако да добие своја завршница. 

Бројот на повредени граѓани или пак оние кои направиле некоја штета на автомобилот во отворените шахти постојано расте. Дел од нив бараат отштета од надлежните институции.

Од ЈП "Водовод и канализација" велат дека голем број граѓани поднесуваат тужби адресирани до нив поради повреда, но дека само мал број од нив ги засегаат, додека пак поголем број судот ги има отфрлено затоа што се работи за шахти за кои ти не се надлежни и одговорни за нивно одржување, туку одговорноста е на некој друг правен субјект.

Oтворените дупки претставуваат голема опасност за граѓаните, особено во ноќните часови. Возачите, пак, исто така, доколку налетаат на некоја отворена шахта, може да настрадаат во несреќа самите или, пак, не сакајќи да повредат и други лица.