Прљаво казалиште, Бајага и Ареа заедно на концерт во Скопје

После големиот концерт на Иан Гилан, во организација на Авалон продукција се спроведува најновиот проект „Се што ви треба е љубов“ (All you need is love) со кој „Авалон Продукција“ ја затвора 2016-та година во Македонија.

После многу светски имиња и светски концерти во Скопје, оваа година ќе се затвори со најдоброто во областа на поп-рок музиката во последниве 20-тина години, со три целовечерни концерти на едно место – на Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа.

Сите три бенда ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути, така што забавата ќе трае речиси 6 часа.

Како што најавуваат од „Авалон“, трети декември ќе биде идеална вечер да се соберат сите генерации на едно место, за да го видат и да го слушнат најдоброто од регионот.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати и објавени во среда во 21 часот на фејсбук страница на Авалон продукција.