Привршува санацијата на сите улици во Пржино

Општина Кисела Вода го завршува проектот за санирање на сите улици во Пржино.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски  го промовираше овој, четврти од седумте капитални проекти кои се реализираат по повод роденденската недела на Општина Кисела Вода, кој носи бенефит на жителите на оваа урбана заедница, но и на 30 проценти од населението кое ги користи во своето секојдневие.

-Се работи за обнова на патна инфраструктура во должина од над 6 километри, односно над 12 илјади квадратни метри. Улици на кои никој не интервенирал децении наназад. Сериозен проект вреден преку 13 милиони денари кој е дел од градежната офанзива што и’ се случува на општина Кисела Вода. Имено, во моментов, после само седум месеци од доаѓањето на новото раководство на Општината, се обновува патна инфраструктура во должина од над 14 километри, реќе градоначалникот.