Привршува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска, кај Сити Мол

Екипите на ЈП Улици и патишта денеска го почнаа асфалтирањето на последниот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, што е во насока од булевар Илинден кон Сити Мол, чија површина е околу 1.000 квадратни метри. 

Со асфалтирањето на овој потег целосно завршува реконструкцијата на пешачките патеки од двете страни на оваа  фреквентна улица. 

Во текот на денешниот ден рачно ќе се асфалтираат околу 300 квадратни метри на овој дел кај Сити Мол.

Екипите на ЈП Улици и патишта со завршувањето и на овој дел од патеката ќе ја завршат реконструкцијата на пешачките патеки со  вкупно површина од 2.300 квадратни метри на потегот од  бул.Партизански одреди до бул.Илинден.

Во текот на изминатиот месец беше реконструирана патеката во насока од улица Разловечко востание кон бул.Илинден на површина од 1.300 квадратни метри. 

На овој потег беа поставени и околу 100 заштитни столпчиња и истите ќе се поставуваат до крајот на реконструираните патеки штом заврши асфалтирањето и на последната фаза од реконструкцијата на пешачките патеките на улица Љубљанска.