Привремен сообраќаен режим на булеварот „АСНОМ“ и улицата „Васко Карангелевски“

Од денеска се до завршување на градежните работи ќе биде воведен привремен режим на потегот од улицата „Васко Карангелевски“ и улицата „Индустриска 1„ во населбата Ќерамидница.

– Центарот за управување и контрола на сообраќајот ги известува граѓаните дека во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на мост на реката Вардар што ќе ги спои улицата „Васко Карангелевски“ и улицата „Индустриска 1“, во населбата Ќерамидница. Ве известуваме дека од денеска на овој потег ќе биде воспоставен привремен сообраќаен режим и тој ќе важи до завршување на градежните работи, информираат од ЈСП.

Оттаму посочуваат дека поради измената на режимот на сообраќај, постојната автобуска станица во близина на СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дислоцирана и ќе биде соодветно обележана.