Приведено лице за обид за тешка кражба во џамија

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар вчера го привеле С.Н. (30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба во обид“  од помошна просторија во Мустафа-пашината џамија.

По извршениот службен разговорот С.Н. го признал делото и го појаснил начинот на извршување. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 вв член 19 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од МВР.