Приведено лице од скопско Кондово за издржување затворска казна од 18 месеци

41 годишник од скопско Кондово, бил лишен од слобода, заради издржување казна затвор од една година и шест месеци. 

Денеска (20.09.22), полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров, го лишиле од слобода, со наредба од Основен суд Скопје.

Од МВР информираат дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.