Приведено лице од Грчец за издржување на затворска казна

На 27.05.2022 во 19.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во с.Грчец, скопско, го лишиле од слобода Р.Н.(32). Тој се барал по судска наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна во времетраење од три години.

Р.Н. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на затворската казна.