Приведени повеќе лица во Скопје поради поседување марихуана

На 30.11.2024 година во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Истиот ден во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(28)од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. 

Денеска (01.12.) во 00.10 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(24) од село Мојанци, општина Арачиново, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Исто така во 01.00 часот во  Скопје, на подрачјето на Центар,полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Р.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.