Приведени пет улични дилери во Скопје

На 15.04. и 16.04.2022 на подрачјето на Скопје полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје преземаа акција за откривање и сузбивање на улични дилери со дрога при што лишени до слобода се пет лица и тоа:

- на подрачје на Аеродром е лишен од слобода Т.Ј.(31) од Скопје затоа што по извршен претрес по издадена судска наредба во неговиот дом се пронајдени марихуана и две дигитални ваги,

- на подрачје на Карпош се лишени од слобода  Б.Т.(50) и Д.Т.(50) двајцата од Скопје затоа што кај Д.Т. се пронајдени марихуана и прашкаста материја и

- на подрачје на Карпош се лишени од слобода И.П.(32) и М.Д.(37) двајцата од Скопје затоа што по извршен претрес по издадена судска наредба во домот на М.Д. е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.