Приведени пет лица поради дрога во Скопје

Полициските службеници имале неколку интервенции на различни локации низ Скопје, при што привеле пет лица.

Во 13.20 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 19.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.С.(18) од Швајцарија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Додека во 21.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја.

Исто така во 00.05 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 01.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.