Приведени две лица во Тетово барани за издржување затворски казни

Во Тетово вчера во 11.30 и во 13.50 часот по судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле А.Б.(37) и Р.Р.(26), двајцата од Тетово, за издржување на затворска казна.

Како што информираа денеска од МВР, тие биле предадени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.