Приведени двајца крадци во Кисела Вода

На 15.04.2022 на подрачје на Кисела Вода од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје се лишени од слобода М.К.(19) и А.И.(32), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека се обидуваат да извршат кривично дело „Тешка кражба“ казниво по чл. 236 во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.