На 25.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Истиот ден во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобда Р.Љ.(65) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 26.01.2025 во 04.35 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле А.Р.(34) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.