Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен.
Приватната дискотека каде што се случи пожарот во Кочани работела повеќе години, а приведениот сопственик бил постојано во сопственичката структура на објектот.
Лиценцата за работа на дискотеката истекла на 24 март 2024 година.
Дополнително ТВ21 дозна детали за дискотеката „Пулс“.
Дискотеката била во приватна сопственост, и истата менувала сопственици во текот на изминатите години.
ТВ21 дознава дека сегашниот сопственик цело време бил во сопственичката структура на ноќниот клуб.
Според информации на ТВ21 во моментов немала неважечка лиценца, односно последната била издадена на 13 март 2023 година и истата имала важност една година