Приведен скопјанец за нелегална сеча на небележани дрвја

На 19.09.2021 од место викано „Воденици“ во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од  Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода В.Ц.(31) од Скопје.

Тој бил затекнат на шумски пат како управувал возило без регистарски ознаки натоварено со нежигосано дабово огревно дрво.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.