Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Вчера полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров и Одделението за криминалистички работи Центар Бит Пазар го лишиле од слобода лицето С.А.(42) од Скопје.

- Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, информира МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.