Приведен скопјанец по распишана централна потерница

На 13.08.2022 во 22.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(30) од Скопје.

За него била издадена централна потерница со која се барал за издржување на изречена мерка притвор поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, превидено и казниво  по чл. 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката.