Приведен скопјанец баран со потерница за издржување девет и пол годишна казна затвор

48-годишник од Скопје, синоќа (24.11.2022) во 23.30 часот е лишен од слобода, бидејќи бил баран со централна потерница, информираат од МВР.

Тој бил  осуден на казна затвор од девет години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување две години и пет месеци од казната.

Приведен е на  ул.„Гвадалахара“ во Скопје, од страна на полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје .

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната.