Приведен скопјанец баран со потерница

Синоќа во 20.15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле Г.С.(44) од Скопје за издржување затворска казна за нанесена телесна повреда, по член 130 од Кривичниот законик.

Во 21.00 часот тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.