Приведен разбојник во Скопје - од такси возач одзел пари

46 годишен жител на с. Вражале, Општина Зелениково е лишен од слобода, бидејќи се сомничи дека на 16.09.2022, извршил кривично дело кога со употреба на сила од такси возач одзел пари. 

Од МВР со кусо соопштение за настанот:

-Денеска (20.09.2022) во 12.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(46) од с.Вражале, општина Зелениково. Тој се сомничи дека на 16.09.2022  извршил кривично дело разбојништво, односно дека со употреба на сила од такси возач одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. - стои во соопштението.