Приведен разбојник поради шест тешки кражби

Полициски службеници уапсиле 18-годишно момче (Е.Ј.) поради сомнение дека извршило седум кривични дела.

-Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ извршени во периодот од 10.11. до 08.12.2022 од викенд куќи и куќи на подрачјето на Штип, информираат од МВР.

Е.Ј. во службен разговор во полициска станица ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.

По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.