Приведен разбојник од Скопје, со закана со нож ограбил маж кај Железничка

Полицијата приведе разбојник кој вчера со закана со нож ограбил маж во близина на Железничката станица во Скопје.

Според информациите на МВР, полицијата денеска го привела Е.И. (27) од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво.

Тој вчера на ул.Вера Радосавњевиќ, во близина на Железничката станица, со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка.

Веднаш по пријавувањето на случајот, сторителот е пронајден и приведен, а пронајдени се и украдените предмети.

По документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава до надлежното обвинителство.