Приведен полицаец од Скопје, во неговото возило пронајдена дрога и оружје

25-годишен полицаец од Скопје е приведен при претрес во Гостивар, откако во неговото возило биле пронајдени дрога и оружје. Како што информира МВР, синоќа во 21:40 часот во Гостивар на ул. Илинденска поради постоење основи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, гостиварската полиција ги привела Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје.

При извршениот преглед во „бе-ем-ве“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К., пронајдено било огнено оружје – непозната марка, со рамка и осум куршуми, како и кеса со остатоци од прашеста материја. Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира полицијата.