Приведен малолетен крадец, расчистени три кривични дела

Во Полициското одделение - Шуто Оризари, вчера во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје.

Како што денеска информираа МВР, тој се сомничи дека на 20.02 2023 со употреба на сила влегол во две куќи на улица „Индира Ганди“, при што одзел повеќе предмети, a на 21/22.02.2023 во периодот од 16.00 часот до 08.00 часот со употреба на сила влегол во продажен објект и одзел повеќе предмети.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.