Приведен кумановец поради кражба

Полициски службеници денеска го привеле 31-годишниот Б.А. од Куманово околу 10.45 часот.

-Тој се сомничи дека од приватен имот во село Костурник, кумановско, одзел повеќе предмети, информира МВР.

Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.