Приведен криумчар на мигранти во близина на Демир Капија

МВР известува за уште еден случај на криумчарење мигранти низ Македонија.

На 22.01.2022 во 00.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин  Богородица на магистралниот пат с.Удово- Дeмир Капија бил приведен Ј.Л. (23) од с. Крушопек, кој во патничко моторно возило „голф“ превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.